Shockwave терапија е уникатна, неинвазивна техника во физикалната терапија која претставува решение за болката поврзана сo мускулно-скелетниот систем и за решавање на многу хронични и акутни процеси во телото. Ние ја користиме кај проблеми како што се тениски лакт, болки во колкот, калцификација на тетивите во рамениот зглоб, воспаление и болка во Ахиловата тетива, и така натаму. Во принцип третманот се покажа како исклучително ефективен во споредба со стандардните методи на физикална терапија кои се тешки и долготрајни .
За време на терапијата, висок интензитет на акустичен бран продира до ткивата и носи висока енергија на болните точки и на фиброзните или мускулоскелтните ткива со субакутни, субхронични и хронички заболувања. Оваа енергија предизвикува оздравување, регенеративни и репаративни процеси на тетивите и меките ткива.
Ова предизвикува голем број на корисни ефекти како што се неоваскуларен раст, намалување на воспалението, стимулирање на колаген, елиминација на калцифицираните формации.
Придобивките од Shockwave терапијата:
Главни области на примена: ортопедија, физикална терапија, спортската медицина
Примената во физикална терапија е главно поврзана со третман на хронични заболувања на мускулите и тетивите, цервикална болка, болки во грбот и половината и третман на тригер точки. Во споредба со традиционалната рачна терапија, SWT е крајно ефикасна. Го намалува бројот на спа и физикални третмани и доведува до подобри резултати на многу долг период. Типични индикации се:
Примена на ударните бранови (Shockwave) во ортопедијата се фокусира на третманот на декалцификација, болни егзостози, разни тендинитиси и забавено заздравување на скршеници. SWT е алтернатива во многу случаи кога операцијата е веќе неизбежна. Најчести дијагнози се:
Shockwave терапија многу често се користи во спортската медицина, поради своите оздравувачки и регенеративните ефекти врз меките ткива. Така да времето предвидено за рехабилитација значително се намалува. Типични индикации се: