• [email protected]
  • +389 71 506 818
  • Никола Карев 98
  • Почетна
  • Услуги
    • Физикална терапија и рехабилитација
      • Како можеме да ви помогнеме
      • Што третираме
    • Естетска медицина
      • Антицелулитни третмани
  • Нашиот тим
  • Блог
  • За нас
  • Контакт
Logo
декември 12, 2018
  • By admin
  • 0 Comments

Михаил Шишкоски

Спец. по кинезитерапија, сопственик и основач на Валео.

Михаил дипломира на Универзитетот “ Гоце Делчев “ – Штип, Факултет за Медицински Науки, Висока Здравствена Школа, отсек Физиотерапија, каде што ги завршува и специјалистичките студии за кинезитерапија. По завршувањето на студиите во 2011 година го основа центарот за физикална терапија Валео.

Неговите напредни обуки и техники за мануелна терапија на ‘рбетот и екстремитетите го одвојуваат од другите, а со тоа го стекнува својот кредибилитет кај пациентите и лекарите. Михаил се гордее со задоволните пациенти и довербата што му ја пружат, се со цел неговите пациенти да се вратат на подобар квалитетен начин на живот и да се чувствуваат подобро!

Михаил е сертифициран за Напредна Медицинска Акупунктура (Dry Needling), Напредна Спинална Манипулација за третман на мускулно-скелетни состојби, Основни моторни вештини за деца со Даунов синдром, Кинезио тејпинг, Грастон техники.

Михаил исто така е предавач на Граѓанскиот Универзитет за доживотно учење “Кузман Шапкарев” – Охрид , на курсот за рекреативна масажа.

Михаил активно се занимава со спортско стрелаштво повеќе од 20 години, кое што е негова љубов уште од мали години и има постигнато врвни резултати во и надвор од нашите граници, претставувајќи ја Република Македонија. Михаил е актуелен државен првак со воздушна пушка и во неговата кариера има бидено повеќе од 10 пати државен првак меѓу кој и еден сеуште актуелен рекорд на Македонија со воздушна пушка .

Исто така за одржување на неговата физичка кондиција која што му е потребна за тренинзите, натпреварите и работата, рекреативно се занимава со фудбал.

  • декември 2018
  • блог
  • естетска
  • заболувања
  • инфо
  • нашиот-тим
  • терапии

© Copyright 2020 by RESOX