Заборавете на секојдневните проблеми и одвоите еден час за себе и за своето тело, ум и духот. Денешниот начин на живеење не опкружува со стрес, стрес од иднината, стрес од финансиската ситуација, стрес за нашите деца… Токму стресот е главен причинител за многубројни болести кои не опкружуваат денеска. Наместо да чекаме да дојде проблемот кој доколку продолжиме со исто темпо да го живееме животот е незибежен, одвојте време за себе и отстранете го со една масажа.

Масажата делува преку кожата на подлабоките слоеви на телото. При различни движења и зафати се предизвикуват различни и многу сложени реакции во целиот организам. Масажата на нервниот систем делува смирувачки, ја подобрува циркулацијата, секрецијата на различни жлезди, го подобрува тонусот на кожата и мускулите и делува на внатрешните органи.

Масажата има двојно дејство: механичко и рефлексно. Механичкото делува на површинскиот слој на кожата, прави чистење на изумрените клетки, загревање и отварање на порите и со тоа се овозможува подобра секреција, транспарентност на кожата како и подобра пенетрација на препаратот со кој се врши масажата. Со механичката дразба се подобрува протокот на венскиот и лимфниот систем.

Медицинска масажа – Се применува за нормализирање на функциите на заболените органи и системи, при болки во ’рбетот, зглобовите, горните и долните екстремитети, спортски повреди, проблеми од невролошки карактер (парези, парализи, зголемен спазам на мускулатурата, екстрапирамидни симптоми), состојби после операции на срцето и друг вид операции, анемичност и општа омалаксаност, психолошки проблеми (неврози, депресии) и други состојби со нарушен баланс на организмот.

Zen Shiatsu масажа е алтернатива техника која вклучува рачен притисок кој што се применува на одредени точки на телото, во обид да се ослободи напнатоста и болката. Според јапонскиот начин на лекување, Shiatsu (што значи прст притисок) масажата ги користи палците, прстите, лактите и колената кои се поставуваат на одделни енергетски делови во телото наречени меридијани. Масажата исто така е позната како акупресура и помага во намалување на мускулната напнатост и замор и се смета дека ја подобрува циркулацијата на крвта во телото, како и функцијата на лимфниот систем.

Relax масажа – масажа во која терапевтот користи надолжни и напречни нежни потези кои ќе ви помогнат да се опуштите. Терапевтот движењата ги прави со бавно темпо и со благ притисок. Со релакс масажата не се работи на намалување на мускулната тензија и јазлите во мусkулите, како и на мускулното ограничување бидејќи доколку се работи длабоко во ткивото се предизвикува непријатно чуство. Релакс масажата е секогаш добар избор за некој кој прв пат прави масажа или за некој кој сака да го намали стресот во телото, често за време на оваа масажа пациентот се опушта и заспива.

Спортска масажа е вид на масажа која е специјално прилагодена за спортски повреди или заболувања. Таа не е замислена да биде релаксирачка масажа и, навистина, може да биде прилично енергична на неколку наврати… Спротивно на своето име, спортски масажа не само што се користи кај професионални спортисти ја користат и лица кои се активни во текот на целиот ден. Таа е од корист за секој кој тренира, дури и ако тоа се само благи вежби, како што е редовно пешачење. Спортската масажа е идеална за лекување на повреди на мускули, тетиви, лигаменти како и за одржување на флексибилноста на мускулите, нивно загревање и превенција од настанување на повредата.

Антицелулитната масажа има цел да ја израмни кожата како„портокал” на телото, која е проблем скоро на секоја жена. Антицелулитната масажа е комбинација од движења како штипење, триење и гмечење на кожата. Со нејзина помош се подобруваат крвната и лимфната циркулација и целулитот се намалува или исчезнува за одреден период. Освен што ги отстранува слоевите целулит, антицелулитната масажа благотворно дејствува и на подобрување на циркулацијата, ја затегнува кожата и позитивно делува на тонусот на мускулите во доста краток рок.