Функционална магнетна стимулација (ФМС) е неинвазивен и безболен метод кој се базира на електромагнетно поле под влијание на висок интензитет 2.5 T. кој овозможува бесконтактна стимулација на површински и длабоки ткива.
Функционалната магнетна стимулација ја ублажува болката, го ослободува зглобот, го забрзува процесот на зараснување на коските при фрактури, релаксирање или зајакнување на мускулите.
Функционалната магнетна стимулација се базира на високо ниво на интензивно електромагнетно поле, кое позитивно влијае на човечкото тело. Со ФМС може да се ублажи болката, да се ослободи зглобот, поддршка при процес на лекување на фрактури, релаксирање и зајакнување на мускулите.
Широкиот спектар на фрекфенции овозможува да биде аплициран во сите фази на болни услови.
Кога се стимулира болно место со фрекфенција помеѓу 120-140 Hz перцепцијата на болка е ремодулирана и центарот за болка во мозокот не го препознава како болка. Најчесто индикации се субакутни болни состојби (пр. Ревамтоиден артритис).
Фрекфенција од 60-100 Hz – најчести индикации се акутни состојби и субакутни услови(т.е. акутна состојба после дисторзија).
Со фрекфенција од 2-10 Hz функционалната магнетна стимулација ја подобрува секрецијата на аналгетски опоиди. Индикации се хронично состојби(пр. Хронична болка во грбот или хронична болка во зглобовите).
Брзите промени на интензитетот на магнетното поле предизвикува електрична струја во невронот. Овој феномен се нарекува електромагнетна индукција. Откако струјата ќе достигне одредена вредност, се постигнува т.н. невронски акционен потенцијал. Ова предизвикува деполаризација на невронските клетки, што на крајот доведува до целосна контракција на мускулите.
Функционалната магнетна стимулација со користење на лековити ефекти на електромагнетно поле претставува совршен третман на болните состојби на невромускулниот и скелетниот систем.
Функционалната магнетна стимулација на периферните нерви и мускули се базира на принципот електро-магнетна индукција. Динамичното магнетно поле до 2,5 Т во внатрешноста на телото ја индуцира електричната струја која е одговорна за активирање на акциониот потенцијал на моторниот нервен сиситем. Оваа директна стимулација на моторните неврони резултира со контракција на мускулите или група на мускули, во зависност од бројот на погодени аксони. Клучна предност на директна нервна стимулација е во поттикнувањето на неговиот метаболизам, периневралната циркулација и исхрана. Затоа, ФМС е погодна опција за лекување на невропатични болести, радикулопатии и плекс-опатии. ФМС инуцираната мускулна стимулација може да се користи за спречување мускулна атрофија додека истовремено ја зголемува циркулацијата во крвта.
“Immediate pain relief in 62 % of the subjects” – Pětioký J., Váňa Z., Šubert D., Žarković D.
“Numerous painful muscle spasms were eliminated“- by Žarković D.