Болката во долниот дел на грбот е една од најчестите состојби со која што се среќаваат лекарите низ целиот свет. Се вели дека над 80% од луѓето ќе страдаат од некој вид на болка во долниот дел на грбот за време на нивниот живот. Болката во долниот дел на грбот може да се појави од различни причини, но обично сите имаат еден или повеќе од следните фактори:

  • Лошо движење и мобилност;
  • Слабост на паравертебралните (околу пршлените), абдоминалните или мускулите околку колкот;
  • Слаба координација на ‘рбетните, стомачните и карличните мускули;

Иако постојат многу елементи за маскирање на болки во долниот дел на грбот, на пример со лекови, важно е да се одредат вистинските причини за болката во долниот дел на грбот. Повеќето болки во долниот дел на грбот се предизвикани од трите наведени фактори погоре. Кога вашите ’рбетни зглобови и мускули не се движат правилно, се појавува болка во долниот дел на грбот. Ова предизвикува иритација и воспаление, кое со текот на времето се зголемува. Типично, болките во долниот дел на грбот се зголемуваат при седење подолго време.

Доколку болката се почувствува повеќе при продолжено стоење или одење, ова може да биде резултат на значителна слабост на колкот или ‘рбетот, што повторно предизвикува затегнување на грбната мускулатура. Со слабост во спиналните, абдоминалните или карличните мускули, се зголемува количината на сила која се пренесува на грбот со секојдневни активности. Со неправилно свиткување надолу или со неправилно кревање на тежок товар, се преоптоваруваат мускулите на ‘рбетот и пациентот може да почувствува болка во долниот дел на грбот.