• [email protected]
  • +389 71 506 818
  • Никола Карев 98
  • Почетна
  • Услуги
    • Физикална терапија и рехабилитација
      • Како можеме да ви помогнеме
      • Што третираме
    • Естетска медицина
      • Антицелулитни третмани
  • Нашиот тим
  • Блог
  • За нас
  • Контакт
Logo
декември 25, 2018
  • By admin
  • 0 Comments

Болка во лактот и во рачен зглоб

Болката во лактот може да дојде од различни извори, но обично се јавува поради прекумерна употреба на лакотниот зглоб од повторливи активности (движења). Често лош став при пишување, кревање или спорт, ги прави ткивата околу лактот иритирани.

Лактот всушност има неколку различни зглобови кои се движат. Kоските (радиус и улна) кои го сочинуваат лактот, исто така, го формираат зглобот и играат клучна улога во движењата на рацете. Повеќето мускули кои го формираат зглобот и ги придвижуваат прстите , всушност се наоѓаат во подлактицата.

Лошата положба на телото, повторувачките активности како што се пишување, зафаќање и извртување може да предизвикаат затегнување на мускулите и ткивата на подлактицата. Ова може да влијае на мобилноста на лактот, рачниот зглоб, па дури и на рацете. Ова може да доведе до хронично воспаление и иритација на овие области.

  • декември 2018
  • блог
  • естетска
  • заболувања
  • инфо
  • нашиот-тим
  • терапии

© Copyright 2020 by RESOX