• [email protected]
  • +389 71 506 818
  • Никола Карев 98
  • Почетна
  • Услуги
    • Физикална терапија и рехабилитација
      • Како можеме да ви помогнеме
      • Што третираме
    • Естетска медицина
      • Антицелулитни третмани
  • Нашиот тим
  • Блог
  • За нас
  • Контакт
Logo
декември 25, 2018
  • By admin
  • 0 Comments

Антицелулитни третмани

Под целулит се подразбираат промените на сврзното и поткожното масно ткиво. Видлив е со голо око или со стискање на дел од кожата. Целулитот е составен од масти, токсини и вода. Целулитните промени на кожата се манифестираат како дифузни перничиња или ограничени јазли кои настанале поради вишок на масти, ослабено сврзно ткиво, пореметување во циркулацијата и размената на материите, пред се од задржување на вода во ткивата.

  • Зголемување на циркулацијата
    • Создавање на нови капилари при што се подобрува микроциркулацијата, дотокот на кислород и се зголемува метаболизмот во погодената област.
  • Обновување на колагенот
    • Акустичните бранови предизвикуваат создавање на фибробласти. Овој процес овозможува зголемување на нови и густи колагенски влакна.
  • Елиминација на маснотии
    • Стимулирање на васкуларниот систем при што се намалува отокот и се подобрува елиминацијата на маснотиите.

Shockwave брановите предизвикуваат вибрирање на сврзното ткиво во областа каде што се третира, го подобруваат изгледот на кожата при што доведува до истегнуање на сврзното ткиво и зголемување на неговата еластичност. Ултразвучите бранови исто така ја зголемуваат циркулацијата осигурувајќи поголема размена на материи. Со ултразвучните бранови се постигнува природна релаксација со што се зголемува лачењето на супстанци кои што помагаат во обновување на ткивото. Shockwave терапијата влијае на сврзното ткиво така што кожата станува цврста и мазна, влијае на неоваскуларизацијата на кожата и ја подобрува размената на материи, чиј недостаток представува една од главните причини за создавање на целулит.

Третман кој ги надмина сите досегашни антицелулитни третмани. Најдобар метод за елиминирање на сите типови на целулит. Третманот се изведува на сите регии: нозе, раце, стомак, а истиот се користи и за затегнување на кожата и намалување на стриите. Звучните бранови со висок интезитет можат прецизно да се фокусираат на проблематиката на избраната регија.

  • декември 2018
  • блог
  • естетска
  • заболувања
  • инфо
  • нашиот-тим
  • терапии

© Copyright 2020 by RESOX